Српската актерка и модел, Нина Сеничар (36) му кажа ДА на својот долгогодишен партнер, холивудскиот актер и ѕвездата на „Топ Ган: Маверик", Џеј Елис на бајковита свадбена церемонија во замокот „Вила Манџакале" во Тоскана.
Церемонијата се одржала на 9-ти јули, а деновиве Сеничар тоа го потврди со фотографиите објавени на нејзиниот Инстаграм профил.
Актерката е шармантна невеста во екстравагантна венчаница од Долче и Габана во минималистички дизајн, а луксузната модна куќа го облече и младоженецот кој носеше смокинг во вино црвена боја.
- 9 јули 2022 година... Засекогаш! – стои под фотографите што Сеничар ги објави на Инстаграм.
Фотографии од венчавката сподели и магазинот Вог, прoследени со текст:
Откако нивните планови се сменија неколку пати поради пандемијата и распоредот на снимање, парот се венча во вила во Тоскана опкружена со лозја и маслинови градини. „Отсекогаш знаевме дека сакаме да се венчаме во Италија бидејќи одењето таму беше нашето прво заедничко патување", објасни Нина.
Инаку, Нина и Елис се запознале во 2015 година во Лос Анџелес, а заедно ја имаат тригодишната ќерка Нора Грејс.