Албумите со фотографии од венчавката се минато и надвор од мода според Јапонците. Наместо фото албум, младите од Токио купуваат 3Д кукли кои се нивна реплика. Една фабрика во Токио користи многу камери и компјутери за да го клонира ликот на својот клиент. Овој процес е многу популарен меѓу тамошните млади, а фабриката за клонови изработува различни верзии на луѓе, па дури и домашни миленици.
Технологијата опфаќа повеќе дигитални SLR камери кои фотографираат човечки и животински глави од сите агли, а потоа компјутерот се поврзува со фотографии и посебен 3Д штампач кој користи гипс и мастило за да ја направи склуптурата. Овие 3Д кукли чинат 932 фунти или 138 илјади јапонски јени и претставуваат неверојатна копија на клиентот.
За изгледот да биде целосен се копира и косата и шминката, а женските невести имаат веродостојна копија и од венчаницата. Фабриката ги советува заинтересираните да закажуваат снимање неколку дека однапред, зашто на фабриката и е потребно време да го подготви целиот процес.