•
14 декември 2023
Глумицата и пејачка Ванеса Хаџенс минатиот викенд се омажи во Канкун, Мексико, во интимна церемонија.
Ѕвездата дури нареди присутните да ги остават телефоните, за да можат слободно да уживаат во свадбата и да се посветат едни на други.
Нејзин избраник е безбол играчот Кол Такер, а двојката е заедно од 2020 година.
Пред да биде со него Ванеса беше во 10 годишна врска со актерот Остин Батлер, познат по улогата во филмот за Елвис Присли.
Хаџенс за венчаница одбра минималистичка свилена креација, налик на естетиката од деведесетите, односно она што го носеа супермоделите.
По церемонијата Ванеса се пресоблече во уникатна party тоалета со потпис на Вера Ванг, дамата која никогаш не прави модна утка.
Елегантна невеста и убава атмосфера...
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Објавено:
14 декември 2023Категорија:
Бела соба