Венчаници какви што би посакала секоја невеста

8 август 2018

Веќе подолго време невестите сакаат нешто поинакво за нивниот голем ден, различно од сите оние фустани со тул и украсени со безброј детали.

Едноставните кроеви надополнети со суптилни украси се изборот на многу девојки кои наскоро треба да бидат невести, а лондонскиот бренд Halfpenny има неверојатни модели сезонава.

Брендот е основан од Кејт Халфпени која инаку е стилистка на некои од најпознатите дами меѓу кои и Кејт Мос, Ерин О Конор, Емили Фокс и многу други.

Станува збор за бренд кој произведува свечени фустани кои девојките ги обожаваат. Последно, дизајнерката создаде неодолива колекција венчаници кои изгледаат сјајно.

Во работата, таа се води по мотото дека секој фустан мора да биде единствен, функционален и женствен, па токму такви се и венчаниците кои неодамна ги промовираше.

Новата колекција е насловена како „Fly me to the moon“ и во неа смести неверојатни модели кои дополнително ќе ја нагласат убавината на жената и во кои ќе биде единствена.

Она што е интересно е тоа што секој фустан доби машко име по реални момци од животот на дизајнерката кои ја инспирирале на некој начин.

Во галеријата погледнете ги сите модели.

Извор и фото: Fashion.hr

 

Објавено:
8 август 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.963 пати