Венчавка инспирирана од „Дизни“

14 јуни 2018

Сара и Гилберт се вљубеници на „Дизниленд“ и бајките од „Дизни“ воопшто. Токму затоа и немало дилема за тоа дека венчавката ќе биде тематска.

„Во „Дизниленд“ се инспириравме да имаме бајковита венчавка во буквална смисла на зборот. Сакавме да ја споделиме магијата и чувството што ние го имавме во забавниот парк, со нашите најблиски пријатели и семејство. Сара отсекогаш беше моја принцеза и сакав да имаме венчавка што вистински ќе направи таа да се чувствува така“, вели Гилберт.

Сара пак, отсекогаш посакувала „Дизниленд“ венчавка, а тоа и се остварило. 

Двојката се венчава во „Роуз Корт“ градината ( во рамки на „Дизни паркот“ во Калифорнија), а внатрешниот простор бил трансформиран во градина со фенери, свеќи, долги маси и златни стари предмети. 

„Сите гости беа возбудени што ќе присуствуваат на нашата тематска венчавка, но немаа идеја што ќе видат. Сè беше под превезот на мистеријата, па гостите постојано се изненадуваат, не знаејќи што да очекуваат следно“, објаснува Сара.

Едно од изненадувањата било тоа што невестата пристигнала во кочијата на „Пепелашка“.

„Тоа што ја видов реализацијата на нашиот живот што следи, тоа што ќе го поминам животот со вистинска принцеза, предизвика бура емоции кај мене и не можев да се изборам со нив. Ништо друго не беше важно во тој момент“, вели Гилберт за сајтот „Popsugar“.

Инаку, Сара и Гилберт се запознале на „Беркли“, каде и двајцата студирале. Неколку години биле пријатели, налетувале еден на друг од време на време, а потоа патиштата им се разделуваат. Но, навидум. Гилберт добива работа во една компанија, а Сара ќе му биде прва сосетка, бидејќи живее веднаш до неговото работно место. Но, дури ни тогаш таа не е свесна дека нејзиниот иден сопруг ѝ е пред носот.

После четири години пријателство, кај двајцата се појавува љубовна искра и тие започнуваат романтична романса, која седум години подоцна, е крунисана со брак. 

 

 

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
790 пати
Извор: 
Popsugar