Збогум на традиционалните венчални фустани

22 октомври 2014

collage1

Ако порано сонот на секоја девојка беше фустан во кој ќе изгледаат како принцези, како Пепелашки, денес сензибилитетот на многу девојки е сменет. Тоа делумно се должи на нивната храброст и потребата да бидат поинакви, но и на дизајнерите, кои се' повеќе ја наметнуваат неконвенционалноста, кога се невестинските фустани во прашање.

Така, веќе не е необично да носите широки палта или јакни со венчаниците. Не е необично таа да е составена од здолниште и топ. Или панталони. Се' повеќе невести се одлучуваат за пастелни бои, па белата е ставена о втор план.

Денес не е чудно ниту ако имате апликации на фустаните, материјали со 3-Д впечаток, а и кусите венчални фустани се се' поприсутни. Голем број невести ги карактеризираат како попрактични за разлика од балските, а оние пониските ги сметаат за совршени, бидејќи големите, долги венчаници ги „проголтуваат“.

Тантелата е тренд што не стивнува, како и монистрите.

Во продолжение ви претставуваме дел од венчаниците што ги заменуваат оние традиционалните. Ако се пронајдовте во текстот или се' уште се размислувате за тоа каков фустан да одберете а да не наликувате на сите невести, тогаш ова сигурно ќе ви се допадне.

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Бела соба