Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

„Dedicated“ – колекција понесена од емоциите

Емоцијата, како психички процес, го понесе младиот дизајнер Мите Занов во раскажувањето на неговата нова модна приказна насловена „Dedicated", што завчера беше промовирана со модна ревија во „Public room".

Емоцијата, како психички процес што го изразува човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе, кон сопствените постапки и доживувања.

Бојата пак од друга страна, има толку силна моќ лесно да пренесе одредена емоција. Среќа, тага, страв, бес...

Токму тоа го соддржи колекцијата "Dedicated", разновидни волуменозни модели, различни во боја, специфичен крој и текстура, секој од нив пренесувајќи различна емоција, различна животна приказна...
Модниот перформанс беше надополнет и со презентација на најновата колекција накит од "L"-handmade jewellery and accessories.

Карактеристично за оваа колекција е уметничкиот дух, интимноста, и пристапот на самите модели.
Како што посочува дизајнерот, колекцијата симболично е посветена на неговата мајка.

 

11 декември 2018

Други галерии

Инспиративен Париз

50 дизјанерски топки во ч...

Како изгледа деновиве мо...

Сеќавање на едно старо Ск...

Црвениот килим на Кан реч...

Стилот на Меланија Трамп...