Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Дождот не му можеше ништо на „Д Фестивал“!

Деветтото издание на Д фестивал заврши вчера. Во саботата обилните врнежи беа несакан гост, но не успеаја ни малку да го расипаат расположението на присутните. Уште помалку пак влијаеше на посетеноста, бидејќи како велат организаторите, втората вечер е токму и најпосетената од постоењето на Д фестивал, во бројот и на фестивалски и на еднодневни посетители!

За тоа говори и податокот дека невозможно беше да се најде сместување ни недела дена пред фестивалот. Не само Дојран, туку и околните Валандово, па дури и Струмица, веќе не располагаа со капацитети за сместување, поради огромниот интерес да се биде дел од ова летно случување.

И ние се забавувавме на фестивалот, а во галеријата ќе имате можност да погледнете дел од атмосферата. Дојран живее за овие три дена, а ние навистина можеме да се пофалиме со единствениот летен фестивал од ваков тип, кој светските трендови ги приближува и ги прави возможни во Македонија.

Се гледаме догодина, на јубилејното 10 издание!

 

15 јули 2019

Други галерии

Грејс Џонс - Вонземска му...

(Фото) Вонсериска мода од...

Фото: Наши креативци созд...

Есен со Брижит Бардо

Модни моменти од „Златен...

Подигнати фризури за летн...