Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

ФОТО: 35 години од култниот Live Aid концерт

Оние што пред точно 35 години биле публика на легендарниот Live Aid концерт на „Вембли“ во Лондон, односно „Џон Кенеди“ во Филаделфија имаат што да раскажуваат до крајот на животот.

„Ден кога рокенролот го смени светот“ е реченицата со која се опишува музичкиот и хуманитарен настан за кој и денес се зборува.

Најпопуларните музички ѕвезди се обединија за хумана цел - помош за гладните во Африка, тогаш и во тој состав никогаш повеќе.

Настанот се организирал за само неколку месеци, во време кога не постоеле ниту мобилни телефони, ниту мејлови. Музичарот Боб Гелдоф на вестите на „Би-би-си“ слушнал колку гладни луѓе има во Африка, посебно во Етиопија и помислил дека музичарите би можеле да направат нешто за нивното страдање да се ублажи. Така се раѓа идејата за глобален хуманитарен концерт кој ги собра најголемите музички имиња тогаш.

За таа цел е направена и песната „Do They Know It;s Christmas“. Песната е објавена во декември 1984 година и стана огромен хит и најпродаван сингл во Велика Британија. Само од таа продажба успеваат да соберат осум милиони фунти.

Набрзо во Америка Мајкл Џексон, Лајонел Ричи и Квинси Џонс заедно со Тина Тарнер, Дајана Рос, Брус Спрингстин, Стиви Вондер и други го снимаат синглот „We are the world“.

Концертот во Филаделфија траел неверојатни 14 часа, а меѓу оние што се појавуваат на сцената се и Брајан Адамс, Били Оушн, Сантана, Ерик Клептон, Мик Џегер, Тина Тарнер, Боб Дилан, Мадона, „Duran Duran“, „Simple Minds“, „ Beach Boyse“, „Led Zeppelin“, „Black Sabbath “...

Од друга страна, лондонскиот концерт траел 10 часа, а во него уживале повеќе од 80 илјади луѓе и тоа во изведбите на Шаде, Стинг, Фил Колинс, Брајан Фери, „Pink Floyd“, „U2“, Пол Јанг, Елтон Џон, Дејвид Боуви, Пол Макартни, „Queen“...

Околу 150 милиони фунти се резултатот од овие два фантастични концерти. Со галеријата ве потсетуваме на овој култен настан.

 

фото извор:Instagram.com; #liveaidconcert;

13 јули 2020

Други галерии

Фантастична улична мода з...

Еклектична улична мода во...

„Голата мугра“ презентира...

Улична мода – мајки и ќер...

(Галерија) Познатите на м...

Како изгледаа летата без...