Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(Фото) 37-то издание на Макфест низ фотографии

Викендов беше во знакот на Макфест, верниот и најголем промотор на македонската поп музика од 1985 година до денес.

По 37-ми пат Штип беше домаќин на етаблирани имиња од забавната музичка сцена, а истовремено фестивалот им даде шанса и на младите музички надежи. Жанровски различна музика, од балади до песни во диско ритам, две вечери кои имаа ревијален карактер, Ален Исламовиќ како една од интернацоналните ѕвезди што ја збогатија програмата, јавни личности како презентери на сцена и нови потенцијални хитови за кои времето ќе покаже дали ќе се запишат во низата фестивалски евергрини, го сочнуваат резимето на годинешново издание на Макфест.

Фестивалската мода пак, која секогаш имала посебно место во историјата на Макфест, го следеше музичкиот диверзитет и со тоа на сцена имавме прилика да видиме широка стилска лепеза, од тематски сценски костими до елегантни блескави тоалети и проверени, сигурни комбинации. Сцената ја дава шансата изведувачите да блеснат и да бидат запаметени, а на секој од нив остаува изборот дали и колку ќе ја искористи.

До следната година на Макфест.
Во фото-галеријата ви пренесуваме каков беше амбиентот на 37-то издание на фестивалот.

 

23 октомври 2022

Други галерии

Во исчекување на свадбена...

Денеска полни 85 години:...

Најдоброто од филмскиот ф...

Викенд на стендап финале...

(Фото) 37-то издание на М...

Фотографии што ќе ве убед...