Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Како беше на концертот на Македонска филхармонија и Архангел

Градскиот Парк вчеравечер беше исполнет од стотици граѓани желни за социјализација, музика и забава. Македонската филхармонија и Ристо Вртев, изведувајќи ги хитовите на „Архангел“ во едно малку поинакво руво, ги потсетија граѓаните на деновите кои на сите ни недостасуваат.

Со оркестарот диригираше Џијан Емин, кој ги направи и новите аранжмани за песните на „Архангел", а кои публиката ги поздрави со аплауз.

Ова музичко уживање кое траеше речиси час и половина, заврши или да речеме, кулминираше со изведбата на „Чудесен свет“. Публиката желна за концерти ги врати на бис, по што беа повторени уште неколку хитови.

Во галеријата ви пренесуваме дел од атмосферата: 

 

27 јули 2021

Други галерии

Погледнете ги најслатките...

Алиса во земјата на чудат...

Најпопуларните насловни н...

Зимска улична мода

Фото: Егзотичните фламинг...

Фото: Официјално отворен...