Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(Фото) Моден поздрав од Копенхаген

Скандинавската мода со својот силно изразен индивидуализам, секогаш била атрактивна за светската публика.

Деновиве е актуелна Модната недела во Копенхаген, која го собира кремот од скандинавската дизајнерска фела и како настан ја има истата вредност како модните недели во Њујорк, Лондон, Париз и Милано.

Она што тука е карактеристика, е уличната мода која е во многу блиска релација со тоа што го гледаме на писта. Умешноста во спојувањето на „неспоивите" стилови го прикажува талентот на Скандинавците во кокетирањето со модата и токму поради тоа, тука модните улици се особено забавни, динамични и без ризик од монотонија или повторување.

Екссплозија од модна експресија низ фотографиите од улиците на Копенхаген деновиве.

Фото:Imax

2 февруари 2023

Други галерии

(Фото) 37-то издание на М...

Модните икони во издание...

Фото: Матурантите танцува...

Фотографии што ќе ве убед...

Фотографии што кажуваат с...

Како ќе изгледаа ако сѐ у...