Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Португалски артист создава нереални 3Д графити!

За само седум часа од објавувањето, постот на португалскиот артист Серџо Одет доби повеќе од 100.000 лајкови, а на добар пат е да заработи многу повеќе од тоа.

Овој неверојатен 43 годишен уметник е познат по неговите ултра реални 3Д цртежи, а овојпат артистот реши да му даде еден поинаков дух на напуштен стар кварт и да го направи место што за кратко време стана сензација.

Ако ги гледате фотографиите прв пат и не знаете за кое место станува збор, голема е веројатноста дека ќе се збуните и ќе помислите дека тоа е навистина стар автобус, а не само ѕид во напуштена област.

Тој вели дека кога го посетил местото воопшто немал инспирација што да прави со него, а истата се родила откако заминал дома и одморил.

„Откако добро дремнав дома, ми дојде инспирација. Следниот ден се вратив на местото со спрејови, почнав да цртам и сфатив дека ова ќе биде нешто сосема поинакво од сѐ што досега сум работел“, вели Серџо за Bored Panda.

Неверојатниот 3Д графит тој го завршил за околу 10 часа и употребил повеќе од 30 шишиња спреј. Следно, тој заминува да работи на проекти во Швајцарија и Австралија, а досега има работено за големи компании како што се Кока Кола и Самсунг.

Инфо и фото: Bored Panda

13 август 2019

Други галерии

Денеска полни 85 години:...

Фото: Skopje Vinyl Conven...

Фото: Априлска улична мод...

Ретроспектива на стилот н...

Најдобрите маски на позна...

Кога сè ќе помине, сите а...