Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(Фото) Улична мода во Њујорк: Секој во свој филм

Вчера во Њујорк стартуваше модниот маратон кој ќе се „трча" и во Лондон, Париз и Милано – главната четворка метрополи, домаќини на Модните недели на кои ќе бидат презентирани најновите колекции на светските дизајнерски имиња.

Дополнителен спектакл на отворањето беше шоуто на Вог по повод 130-от роденден, а дел од дизајнерските колекции веќе прошетаа на писта.

И паралелно на овој моден универзум, е светот на уличната мода, која особено во Њујорк е со доминантно изразена индивидуалност.

На улиците на Њујорк нема да забележите како доминира една или друга тенденција. Но, она што сигурно ќе го забележите е како тука владее тотална креативна слобода директно презентирана преку стилот на неговите граѓани.

Секој во свој филм. А тоа му дава диверзитет, боја и еклектичен израз на неговиот лик.

Низ фотографиите на Фил О, ви го доловуваме амбиентот директно од улиците на Њујорк.

13 септември 2022

Други галерии

Зимска улична мода од Вар...

(Фото) Првата полуфинална...

Уметност во кујна

(Фото) 50 фустани што ќе...

Предвесник на есенската м...

Скандинавски шарм на улиц...