Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фотографии: Мажи во корсети

Кејтлин Џенер глобално го актуелизираше прашањето за трансродовите луѓе, благодарение на личниот пример и реалното шоу штo нашироко ја отвори оваа тема. Но, далеку наназад во историјата, трансродовите луѓе се соочувале со низа стереотипи и ограничувања во општеството, оставени на крстопатот помеѓу својата лична природа и стандардите на средината во која живеат.
Но, и покрај осудата од општеството и неприфаќањето на таквите луѓе од мнозинството, сепак некои од нив едноставно не можеле да се борат против своите внатрешни пориви, па некои дури и храбро настапувале пред јавноста и заработувале од тоа.
Неодамна littlethings.com објави ретки фотографии на мажи облечени во женска облека од периодот на 19-от век. Претежно се работи за трансродови луѓе кои немале храброст да се појават така во јавноста, па скришно се фотогафирале. Помеѓу нив, ќе видите и фотографии од Лили Елби, една од првите трансродови жени од чија животна приказна е инспириран и актуелниот филм „The Danish Girl" во кој нејзината улога ја игра Еди Редмајн.

25 септември 2015

Други галерии

(Фото) Летна мода во азур...

Ева Лонгорија го слави 47...

Љубов во црно-бело: Најуб...

Септемвриска мода низ ули...

Стилските приказни од ули...

20 летни комбинации во со...