Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Гламурот на 75-те Еми награди

Уште еден гламурозен настан ја одбележа штотуку почнатата 2024-та година, а тоа овојпат беше 75-те по ред Еми награди.

Церемонијата која што се одржа во театарот Peacock во Лос Анџелес, ја водеше комичарот Ентони Андерсон.

Еми наградите секоја година им оддават почит на најдобрите телевизиски проекти.

Сериите кои ги добија почесните статуетки за годината што измина беа The Crown, The Last of Us, The White Lotus, Succession и Yellowjackets.

Еми наградите имаат долга историја на гламурозни модни изданија на црвениот тепих.

Црната како и секогаш доминираше, но имаше и црвени тоалети, како и стилски решенија во нијанси на свежо зелена, нежно розова, бургунди тонови, сјајно сребрена и комбинации на кремава.

Модните куќи се погрижија и овојпат ѕвездите да заблескаат како што и се очекува на настан од ваков калибар.

16 јануари 2024

Други галерии

Познатите го искористија...

(Фото) Ова не се обични б...

Фото галерија: „Plus size...

Стилот на Меланија Трамп...

Улична мода од Стокхолм:...

Што се носи низ улиците н...