Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Јубилеен концерт во чест на Александар Џамбазов

Манифестацијата „Денови на македонската музика“ што се одржуваше по 39-ти пат, од 29-ти март до 14-ти април, заврши со јубилеен концерт во чест на композиторот Александар Џамбазов. Неколку ѕвезди од естрадата настапија, пеејќи дел од неговите големи хитови меѓу кои и „Довидување“, „Детство“, „Љубов неверна“, „Галеби“, „Само ти“... Програмата ја водеше Игор Џамбазов и ја збогати со анегдоти за неговиот татко. 

Посебно изненадување за Маестро беше појавувањето на старите славејчиња, кои ја отпеаја химната на детскиот фестивал „Златно славејче“, добропознатата , „Градот убав“. 

Композиторот не криеше дека и покрај големото сценско и животно искуство, има трема. Инаку, во рамки на концертот беа доделени и наградите на СОКОМ (Сојуз на композитори на Македонија), во чија организација беше и настанот.

Дел од атмосферата погледнете во галеријата.

Фото: СОКОМ

16 април 2016

Други галерии

Познатите личности сподел...

Холивудските бебиња на пл...

Сиара во најдобрата форма...

Улична мода во слободен с...

Каква мајка - таква ќерка

Како изгледала летната ул...