Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Како денес изгледа првото ателје на Кристијан Диор?

„Авенијата Монтањ 30“ е адресата на која започнува приказната на Кристијан Диор во 1946 година. Токму тука се наоѓало првото ателје на дизајнерот, а денес изгледа далеку поубаво и поголемо.

Цели две години беа потребни за да се реновира најголемиот изложбен и продажен простор на францускиот луксузен бренд во Париз.

Откако во 2018 година на чело на брендот како извршен директор дојде Пјетро Бекари, постави амбициозен план, целосно да се реновира воедно и најуспешниот продажен салон на брендот.

Резултатот после две години го гледате во галеријата.

Моден луксуз распослан на 10.000 метри квадратни, зад чиј концепт се потпишува архитектот Питер Марино. Просторот ги вклучува сите сегменти на модната куќа: ready to wear, висока мода, артикли од кожа, накит и козметика. Освен тоа, содржината ја збогатуваат и три прекрасно уредени градини, два ресторана, како и галерија посветена на Кристијан Диор.

Гостите овде може и да преноќат, затоа што во зградата се распределени и 13 соби, уредени уникатно и секоја со своја приказна, така што на посетителите им се овозможува комплетно Диор искуство.

15 април 2022

Други галерии

Како да го искомбинирате...

Фото патување низ Фиренца...

Боемска рапсодија на улиц...

Стилскиот трик на Елизабе...

Тивкиот луксуз во стилот...

Ретро улична мода: Се вра...