Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Кога сè ќе помине, сите аплаузи одат кај здравствените работници

Светскиот ден на здравјето се одбележува денес, а Светската здравствена организација соопшти дека годинава ќе биде во знакот на сите здравствени работници кои се трудат од оваа борба со Ковид -19 да излеземе како победници.

Кога сè ќе заврши, сите аплаузи ќе бидат токму за овие работници, бидејќи тие го носат најголемиот товар и жртва на грбот за доброто на сите. Низ социјалните мрежи веќе извесно време можат да се видат разни фотографии од нивното секојдневие последниве месеци, пораки да останеме дома, како и креативни решенија во знак на поддршка. 

На овие херои на денешницата им се поклонуваат дури и суперхероите :).

Она што не треба да го заборавиме е дека, нивната работа е секогаш вредна за аплауз, но изгледа ни требаше криза од ваков размер за да се потсетиме на тоа и да го славиме постоењето на здравствените работници. 

Затоа, уште еднаш, да бидеме совесни, да седиме дома, да им помогнеме да ја надминеме оваа ситуација што побрзо и да им се заблагодариме за целата пожртвуваност.

Инаку, идејата за посебна здравствена организација се појавила уште при конференцијата за основање на ООН по крајот на Втората светска војна во 1945 година. На државите им било јасно дека за одржување на мирот и безбедноста во светот, што е централната цел на ООН, се потребни и решенија за здравствените проблеми. Уставот на СЗО во 1946 година е прво потпишан од 61 држава во Њујорк. На 7 април 1948, денот кој сега се одбележува како Светски ден на здравјето, уставот стапува на сила. Седиштето на посебната организација на ООН е швајцарскиот град Женева, а покрај тоа има и 6 регионални канцеларии и 150 национални канцеларии. 

Наклон до земја за сите здравствени работници ширум светот кои си ја вршат работата и покрај сите (не)услови и тешкотии! Веруваме во вас!

 

фото извор: Instagram.com;

7 април 2020

Други галерии

Првиот моден поздрав посл...

Љубов во црно-бело: Најуб...

Најфраерските комбинации...

Како се славеше Меѓународ...

40 најдобри модни изданиј...

Улична мода во кал на „Гл...