Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Кралицата Елизабета и сите нејзини кучиња...

Откако уште на рана возраст, кралицата Елизабета за прв пат се запознала со прекрасните велшки корги, веднаш знаела дека тоа ќе биде љубовна приказна за раскажување...

Денеска, од нејзината дружина од вкупно 13 прекрасни кучиња, таа остана со две – Холи и Вајло. Месецов, кралицата соопшти дека воедно тие ќе бидат последните две кучиња придружници и наследници од нејзината омилена Сузан што таа ја доби за нејзиниот 18 – ти роденден.

Оттогаш, се родија 14 генерации на слатките велшки корги, кои со години беа верни придружници на кралицата, дури и на медениот месец во 1947 – та година.

По смртта на нејзиниот Монти, таа соопшти дека повеќе нема да има нови кучиња што ќе ја придружуваат, бидејќи не сака зад себе да остави кучиња за кои некој ќе мора да се грижи.

27 јули 2015

Други галерии

Маските на познатите за H...

Русија е магична во зима

Стоматолог од Бразил пату...

Галерија: Маникир инспири...

Како Кристофер Бејли го м...

Уметност во кујна