Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Најдобрите гранџ моменти на Шинед O' Конор

Шинед O' Конор замина од овој свет пред само три дена, а медиумите сè уште непрестајно пишуваат за нејзината животна приказна.

Ирската пејачка со неверојатен глас го издаде својот прв албум The Lion and the Cobra во 1987 година, а за себе велеше дека инспирација ѝ се Боб Дилан, Боб Марли и Дејвид Боуви.

Емоциите кои ги доживеа во несреќното детство извираа од неа кога ги пееше своите песни, а донекаде тоа се наѕираше и во гранџ стилот кој исто така ја одбележа.

Ултра кратката фризура се совпаѓаше со искинатите фармерки, кожните бајкерски јакни, маичките на кратки ракави со интересни натписи и секако црните чизми на врвки.

Шинед имаше свој став, своја препознатлива естетика, едноставно беше оригинална и неповторлива.

Затоа останува само да кажеме - Nothing Compares 2 U.

Фото: Vogue

29 јули 2023

Други галерии

„Патеки“ – нова колекција...

Февруарска улична мода во...

Црвената боја со сиот сво...

Историски музички спектак...

Дубровник како празнична...

Убавината на Моника Белуч...