Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Најдобрите изгледи на црвениот килим на отварањето на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто

Вчеравечер, на 8 септември, 47-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто TIFF пристигна во најголемиот град во Канада, пречекувајќи ги најголемите филмски имиња со раширени раце.

Фестивалот кој се смета за лансирачко поле за сезоната на награди и кој важи за добротворна културна организација чија цел е да го трансформира начинот на кој луѓето го гледаат светот преку филмот, ќе трае до 18 септември и ќе прикаже голем број на високоочекувани светски премиери, вклучувајќи ги и „The Good Nurse" со Џесика Честејн и Еди Редмејн во главните улоги; „Devotion" со Џонатан Мејџорс и Глен Пауел во главните улоги; „Moving On" на Пол Вајц со Лили Томлин и Џејн Фонда во главните улоги; и продолжението на „Knives Out", „Glass Onion", со Даниел Крег, Кејт Хадсон, Жанел Мона и многу други во главните улоги.

За време на вчерашната церемонија, на црвениот килим ѕвездите зачекорија во примери за врвна мода, елеганција, класика, но и лежерни комбинации кои се типичен избор за помладата генерација.

Во прилог погледнете ја галеријата со фотографии од дел од ѕвездите кои блеснаа на првиот дел од Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Фотографии: vanityfair.com и deadline.com.

9 септември 2022

Други галерии

На риги и во зима

Најдобриот пријател на по...

Новогодишна изложба на ра...

ГАЛЕРИЈА: Неколу романтич...

Плетени кардиган-фустани:...

Сто стајлинзи по повод ро...