Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Најмагичните креации на иконата на американскиот дизајн: Ралф Лорен го слави 83-от роденден

Модниот дизајнер Ралф Лорен има 83 години, а зад себе, 50 годишна ултра успешна кариера како моден дизајнер, сопруга, три деца и операција на тумор на мозокот.

„Видете, јас сум во модниот бизнис, но и не сум", вели Ралф Лорен - дизајнер за кој без да правите анализи знаете дека повеќе од 50 години е на самиот врв во Америка. Повеќе од 500 продавници во 80 земји, 23.000 вработени, околу 15 подбрендови, заработувачка од милиони долари.

„Јас живеам различни животи. Но, мојот продукт и јас сме едно те исто. Анти-мода мода, како и да сакате да ја наречете, но таа е нешто што ќе биде безвременско. Жените и денес ја сакаат и сакаат да се како Грејс Кели, нели?", вели Лорен.

Ралф ќе каже и дека трикот на успехот е во тоа луѓето да сфатат дека правите нешто само за нив, како што сите мислат дека Синатра им пее само на нив.

Во фото-галеријата издвојуваме дел од неговата модна магија.

 

14 октомври 2022

Други галерии

Какви фармерки се носеле...

(Фото) Есен во џинс

Преплет на нова адреса и...

Есента е создадена за беж...

Скопски маратон - Трка на...

Cactus Design го прослави...