Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Новогодишна изложба на ракотворби од деца со посебни потреби

Црвениот крст на Република Македонија, во соработка со ЈУ Завод за социјални дејности Скопје деветта година во континуитет имплементира заеднички иницијативи за подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби.

Започнувајќи од 2011 година, Комерцијална банка АД Скопје е спонзор и наш партнер кој преку вработените на банката активно се вклучи во имплементација на проектните активности наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби, како и поддршка на децата сместени во згрижувачки семејства.

На овој хуманитарен настан во МНТ изложени се 80 слики изработени од децата од Дневните центри од 8 општини (Дебар, Делчево, Кичево, Велес, Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Скопје) каде се имплементираат проектните активности за подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби.

Во изработките на овие дела вложено е многу труд, љубов и трпение.

 

15 декември 2017

Други галерии

Живее по свои правила, а...

Луксузниот стил на Џоан К...

Моден поздрав од Шангај

Среќен роденден ЛИЛА: Сти...

Во исчекување на свадбена...

Возбудлива улична мода во...