Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Royal Ascot: Највпечатливите креации и шапки на најважниот настан на британското благородништво

Royal Ascot е еден од најважните случувања во круговите на британското благородништво. После една година пауза поради пандемијата, британските аристократи со нетрпение ги очекуваа кралските коњски трки.

Но, освен тој натпревар, има уште еден - помеѓу дамите со благородничко потекло за тоа која ќе ја има највпечатливата шапка.

Што ќе се облече на овој настан, не е нималку едноставна задача за дамите, бидејќи во рамките на четирите дена, (годинава од 15 до 19 јуни), има еден посветен на дамите, каде модата е во фокусот.

Инаку, од 2012 година како резултат на креативната фантазија на модните дизајнери и изборот на модели на шапки од страна на дамите со цел да се прикаже уникатна визија, Ascot воведе кодекс на облекување и правила за големините на шапките. Тие треба секогаш да носат фустани или здолништа чија должина е до над колената или подолго, а во поглед на шапките да опфаќаат простор кој не е поголем од четири инчи.

Генералниот впечаток од годинава е дека дамите оделе на цветни дезени и неутрални нијанси, додека пак кога е дизајнот на шапките во прашање, ќе видите модели како вистински уметнички дела, но и такви кои веројатно можат да послужат како добра инспирација за маскенбал.

19 јуни 2021

Други галерии

Фотографии што ќе ве насм...

Кој бил највпечатливиот ф...

35 интересни начини како...

Висока мода зад сцената

Духот на Вивиен Вествуд и...

Какви костими за капење с...