Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Сиара во најдобрата форма досега на насловна на Shape

Сексапилната Сиара се најде на септемвриската насловна на магазинот Shape, каде по којзнае кој пат го покажа нејзиното неверојатно тело. 

Фотографиите овојпат ги направи Џејмс Макари, а на истите можеме да ја видиме Сиара во темно сино секси боди, во црн костим за капење, во бомбер јакничка, но и во тесен фустан со ролка и здолниште со длабок шлиц. 

За само четири месеци по раѓањето на нејзиното дете, таа ја врати старата фигура и денеска изгледа подобро од кога и да е! За тоа, таа има само едно мото: 

„Храната не оди никаде, таа е постојано тука. Понекогаш, посакувам да јадам паста, но ќе застанам за момент и ќе си речам дека таа целиот живот ќе биде тука и ќе постои како јадење, што значи дека ништо не пропуштам“, вели пејачката во интервјуто.

13 август 2015

Други галерии

„Mini me“ – мини колекциј...

Ништо не е исто: Модниот...

Трансформирајте се во бож...

Духот на Вивиен Вествуд и...

Јулски моден поздрав од П...

Улична мода Лондон: Момци...