Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Сите тантелни здолништа од уличната мода!

Веќе некое време парчињата од тантела се едни од омилените на девојките, благодарение на дозата нежност и романтика со која располагаат.

Ако порано истите беа резервирани само за свечените пригоди, денеска можеме да ги видиме и во секојдневните стајлинзи на девојките без разлика на пригодата.

Можете да ги сместите дури и во стајлинзите за на работа, со тоа што свечената нота ќе ја смирите со некоја едноставна и памучна кошулка или пак маичка.

Тантелата како материјал е дефинитивно еден од најубавите во светот и секогаш асоцира на нешто романтично и женствено, а речиси секоја комбинација умее да ја направи елегантна.

Покрај во црна и бела боја, тантелата денеска е достапна и во многу други нијанси и бројни модели кои може да се комбинираат со разни парчиња кои вам ви се омилени.

Тантелните здолништа се супер тренди во уличната мода, па така можеме да ги видиме комбинирани со едноставни бели патики, со високи потпетици, со чизми, со сандали и со што уште не, бидејќи денес повеќе нема правила.

Во продолжение во галеријата ќе го погледнете најдобриот избор од тантелни здолништа од уличната мода за доза инспирација за оваа сезона.

Фото, извор: modamo.info

9 јуни 2017

Други галерии

Лето во Белград – уличнат...

Ако имате домашни милениц...

58 ретро фотографии за 58...

Фото: Гости и атмосфера н...

Убавината на Јапонија низ...

Холивудскиот крем на модн...