Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стартуваше 26-то издание на Моден викенд Скопје

Во просториите на East Gate Mall вчеравечер се одржа 26-то издание на Моден викенд Скопје, а првата вечер се стави акцент на италијански модни етикети.

Почетокот беше резервиран за дизајнерска вечера со италијанско мени, а крајот посветен на модни ревии од италијански етикети на облека, накит, модни додатоци и шминка.
Мотото на 26-то издание на Моден викенд Скопје беше "Јазикот на етиката и дизајнот", а свое обраќање имаше италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и генералниот извршен директор на East Gate Mall Игор Давков.

Моделите ги презентираа колекциите на Armani, Lio Jo, Patrizia Pepe, Twinset, Sigma Jewlery, Dan John, Erea, Lemare, Tosca Blu, Bark Shoes, Fratelli Bovo, Daniela Coaro, Utopia, Sergio Rossi, Trussardi, Kiko Milano...

Денес, продолжува Skopje Fashion Week со промоција на домашните дизајнерски сили на модната сцена.

Програмата во следните два денови ќе ги претстави најважните аспекти на одржливоста мода, но и на иновативните процеси кои ќе ја определуваат во иднина.

Активизмот на FWSK, низ бројни општествено одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.

10 март 2023

Други галерии

Фото: Како денеска би изг...

Познатите пред нивната „м...

Фото: Инстаграм наспроти...

Улична мода Сплит: Трендо...

Спортска атмосфера во Ско...

(Фото) Декорации со тикви...