Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стилот на Натали Портман низ 39 фотографии за 39-от роденден!

Денеска, една од најангажираните актерки Натали Портман, полни 39 години.

Иако е актерска ѕвезда од дете, за разлика од голем дел од нејзните колеги со таков статус, не го злоупотреби тој момент на своја штета, тука напротив, се изгради во сериозно профилирана актерка – една од најбараните и најплатените во Холивуд.

Како растеше професонално, така созреваше и нејзинот стил пред судот на јавноста.
Ако направите ретроспектива на нејзиниот имиџ, ќе забележите дека генерално таа е лојална на минимализмот, елеганцијата и женственоста, без ексцентрични експерименти.

За црвениот килим секогаш бира беспрекорни, елегантни тоалети, најчесто во црна или бела варијанта, со по некој детаљ кој дава акцент на препознатливост. Во приватниот живот пак, кога е во прашање стилот, таа се држи до едноставноста во која секогаш наоѓа удобност и лежерност.

Ова е прогресот на стилот на Портман прикажан низ 39 фотографии...

Фото: Пинтерест

 

9 јуни 2020

Други галерии

Најмагичните креации на и...

Мерил Стрип полни 73: Нај...

Убавината на Моника Белуч...

Младешка и урбана улична...

Модна ретроспектива: Стил...

Македонската филхармонија...