Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Убавината на Моника Белучи низ 57 фотографии

Моника Белучи - се' уште е ословувана со најубавата жена на светот. Италијанката зрачи со самодоверба, за која ќе каже дека е резултат на зрелост и работа на себе. За разлика од други ѕвезди, вели дека нејзината одлука е да старее достоинствено и за сега пластичните корекции не се избор.

„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледалото нема веќе да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам во огледало – ќе гледам во моите деца“, ќе каже во една пригода.

Убавината што многумина би сакале да ја поседуваат, низ годините за неа била предност, но веројатно извор и за многу предрасуди. „Ако сум убава не значи дека сум глупава“, ќе рече во едно од последните интервјуа. 

Со неколку култни улоги во филмската индустрија, како модел, бренд-амбасадор, таа може да рече за себе дека е успешна жена, која денес мудро ги користи и зборовите и појавувањата. 

Во продолжение потсетуваме на неколку нејзини цитати, но и на ретроспектива на нејзината убавина, која истовремено зрачи и со сексапил кај кој нема место за вулгарност, а истовремено со грацизоност, женственост што ги поседуваат само вистински дами:

„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие само признаваат дека сте подобри од нив“.

„Убавината станува експресивна и интересна само кога е покриена со облека.“

„Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност“.

„Убавината на жените станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен убавина“.

„Жената може да сака како никогаш да нема да замине. Но, може и да дојде таков ден кога ќе замине како никогаш да не сакала“.

„На младите девојки им велам: „Научете да го сакате своето тело!" Совршенство не постои и сосема е очигледно дека жените со облини не се ништо помалку убави од слабите девојки. Едноставно, треба да научите да се прифатите онакви какви што сте“.

„На сите ни се потребни илузии. И, токму затоа сакаме филмови“.

 „Почитувам тајни. Тие ги чуваат само возрасни луѓе.“

„Никогаш не би посакала да имам повторно дваесет години. Сега сум многу посреќна. Ние преку нашата возраст созреваме, се обидуваме да се разбереме самите себеси, да научиме да сакаме што навистина сакаме, да ја научиме нашата несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.“

„Нам жените, никогаш ништо не ни припаѓа, ниту маж - ниту деца. Може само да ја поделиме нашата љубов со оние кои ги сакаме“.

фото извор: refinery29.com; si.com; pinterest.com; 

30 септември 2020

Други галерии

Како Македонците го прече...

Галерија: Маникир инспири...

Чола го наполни и стадион...

„Експлозија“ од бои во пр...

Стилски времеплов преку к...

Најмагичните креации на и...