Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Улична мода Лондон: Уникатни комбинации во кои ќе се вљубите од прва!

Секогаш има нешто посебно кај модните недели, каде покрај презентациите на парчињата за претежно следните сезони, секогаш сме сведоци на фантастични street style комбинации.

Токму тоа беше случај и со модната недела во Лондон, каде и покрај студеното време девојките навистина се потрудија како и секогаш.

Низ улиците можевме да видиме навистина интересни комбинации со совршена доза на уникатност во речиси секој стајлинг со што девојките ги најавија трендовите за следната сезона.

Британците уште еднаш покажаа дека тие се дефинитивно една од најмодерните нации на светот благодарение на нивното изострено чувство за стил и инспирацијата за секогаш посебни и шик комбинации.

Девојките прикажаа навистина интересни трендови кои веднаш може да се применат почнувајќи од врзаните марами на глуждовите, враќањето на чевлите со висока платформа, носењето на две чанти истовремено, впечатливите обетки, крзнените додатоци и што уште не.

Во галеријата погоре погледнете ги најдобрите street style комбинации на девојките кои ја „зачинија“ модната недела во Лондон.

21 септември 2016

Други галерии

Русинките од урбаните ули...

Јулски моден поздрав од П...

Ретроспектива на стилот н...

Убавината на Јапонија низ...

Совршено време за пруги?...

Летиција Каста во едитори...