Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Улиците на Милано преплавени со Гучи парчиња

Италијанците отсекогаш биле народ вљубен во модата, особено во работите што ги прават нивните домашни дизајнери кои се и повеќе од успешни. Согласно со тоа, воопшто не беше чудно што за време на модната недела во Милано улиците беа преплавени со стајлинзи во кои задолжително беа вметнати Гучи парчиња. Модната куќа го потврди успехот со уште една фантастична колекција која допрва ќе ја гледаме на разни настани, а лудило низ улиците предизвика и со претходните колекции чии парчиња можевме да ги видиме на секоја девојка. Фотографиите што ги направија познатите фотографи уште еднаш докажуваат дека италијанските девојки се дефинитивно едни од најмодерните во светот, но истовремено и најуникатни секогаш со доза на гламур. Речиси секоја девојка на себе ги имаше популарните Гучи мокасини со крзно, а носеа и некои од најпознатите чанти на брендот во кои светот се вљуби во првиот момент. Како и секогаш, Ана Дело Русо привлече можеби најголемо внимание со нејзините комбинации, а тоа овој пат особено и успеа со шарениот Гучи фустан со извезени мотиви на птици и змии. Во галеријата погоре погледнете ги најдобрите стајлинзи досега од Модната недела во Милано.

23 септември 2016

Други галерии

Фото: Како би изгледале х...

Ова се познатите што засл...

Оскаровските Vanity Fair...

Предвесник на есенската м...

Како се облекуваше Лејди...

Најшармантните тапети за...