Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Вера од „Љубојна“ авангардна во креација на Елена Лука на сцената на МНТ

Вчеравечер со концертите на Дамир Имамовиќ и „Љубојна" во Македонскиот народен театар, се отвори 16-то издание на Off Fest.

„Љубојна" уште еднаш потврдија зошто публиката едноставно ги обожува и во еден пријатен амбиент што нуди едно поинакво доживување на нивната музика, го промовираа нивниот нов албум „Радио Љубојна".

Прекрасната Вера изгледаше авангардно на сцена во уникатна креација во асиметричен крој, со впечатливи детали во комбинација на тантела и органтин, што специјално за неа ја дизајнираше модната куќа Елена Лука со која уметницата соработува за нејзините сценски настапи. Нејзиниот изглед беше надополнет со рачно изработен детаљ со сребрени парички за на глава, а исто така со рачна доработка се украсени и дрвените налани со кои се заокружува впечатливиот сценски изглед на Вера.

Вториот ден на Оff Fest продолжува со концерти на италијанската група „Bella Ciao" и португалска ѕвезда Gisela Joao.

26 мај 2017

Други галерии

Јулска улична мода во Ско...

(Фото) Модата на забавите...

Милано – врвот на уличнат...

Стилот на Анџелина Џоли н...

Септемвриска мода низ ули...

Модна недела Њујорк: Фенс...