Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Вирален тренд во уредувањето на домот: Плетени корпи

За да ви го разубават или заштедат просторот, плетените корпи имаат и естетска и функционална улога и токму затоа се вирален хит во уредувањето на домот веќе години наназад.

Даваат некоја топла и пријатна енергија, па кога ќе ги имплементирате дури и во „најстерилниот" амбиент, го облагородуваат и збогатуваат.

Може да ги корисите и како украсна маска за саксиите за цвеќе и како корпи за складирање облека, шминка или играчки.

Нивната универзалност овозможува да им најдете најразлична примена, а притоа да ви го направат опкружувањето многу попријатно.

Со оглед на нивната популарност, плетените корпи добиваат толку различни верзии во поглед на материјалите од кои се изработени и комбинирани, боите, па и формите и големините.

Неколку идеи како да ги вклопите во вашиот дом следуваат во фото галеријата.

Фото: Пинтерест

16 февруари 2023

Други галерии

„Dedicated“ – колекција п...

ГАЛЕРИЈА: Неколу романтич...

Првата кампања на Марија...

Тина Тарнер: Simply the b...

Како изгледа луксузот во...

Фото: Емоции низ современ...