Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Живее по свои правила, а тоа ќе го прочитате и во неговиот имиџ – Лени Кравиц полни 58 години

Како што неговата музика е еклектичен спој на рок, фанк, соул, реге и џез, така и неговиот имиџ е рефлекција на целата таа мешавина на вибрации, култури и стилови.

Греми наградуваниот рок гуру Лени Кравиц, денеска полни 58 години, иако тој е типично „оправдување" на максимата „годините се само бројка".

Уште во 80-те кога почнал да ја гради својата музичка кариера, себеси се нарекувал „Romeo Blue" и ја живеел не така гламурозната страна на рокерскиот животен стил. Сè до неговиот прв албум „Let love rule" во 1989 година кога доживува планетарен успех. Но, неговиот имиџ ја задржува онаа препознатлива карактеристика на ноншалантен, рокерски пристап кон визуелната естетика, со изразен сексапил што со годините кај него станува уште подоминантен.

Важи за една од нетипичните холивудски ѕвезди, лојален на своето во секој поглед. Па така, во неговот стил никогаш нема да препознаете актуелни трендови, напротив, тој е константен во идејата дека личниот стил е невербален говор на личниот идентитет.
Таа негова конзистентност го изгради не само како музичка, туку и како стилска икона која живее единствено по свои правила.

Фото: Пинтерест

26 мај 2022

Други галерии

Улиците на Париз во екот...

Таа има 60 години и е ѕве...

Бебиња и Божиќ – совршена...

Кралицата Летиција го сла...

Рустични кујни: Љубов на...

20 летни комбинации во со...