Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Златко Јовановски беше дел „Harbin Fashion Week“ во Кина

Младиот дизајнер Златко Јовановски неодамна беше дел од „Harbin Fashion Week“ во Кина. 

„Организаторите ја виделе мојата колекција која ја презентирав во рамки на London Fashion Week, па на нивна покана бев дел и од овој моден настан, што претставуваше за мене голема чест“, вели дизајнерот.

Тој посочува дека организациски настанот бил беспрекорен. 

„Имав три асистентки и возач за да се постигнат сите обврски во текот на тие неколку дена. Срцето ми беше исполето кога видов дека моите модели ќе бидат претставени на писта долга 40 метри, со многу осветлување, чадни ефекти...“, објаснува Јовановски. 

Покрај колекцијата, тој го презентирал и видеото специјално создадено за колекцијата, дело на Марина Трајковска, видливо и во внатрешниот и во надворешниот дел.

„Ова искуство многу ми значи, особено бидејќи бев избран во голема конкуренција, во која беа вклучени и дизајнери од целиот свет - Сингапур, Азија, Русија, Романија, Австрија, Германија, Шпанија, Австралија, Франција... Се дружевме и разменивме многу искуства, а добив и неколку понуди“, посочува Златко, кој посебно бил возбуден поради присуството на бројни новинари, меѓу кои и оние на „Вог“.

26 јануари 2018

Други галерии

Сеќавање на едно старо Ск...

Улиците на Милано преплав...

Улична мода Сплит: Тренди...

(Фото) Вонсериска мода од...

Како изгледаа летата без...

Февруарска улична мода во...