Моден бренд

WannaBe – Новата хит колекција на ЕЛЕНА ЛУКА ги обединува сите симболи на женственоста

Интервју со
ЕЛЕНА ЛУКА
1 јуни 2023

Ова лето нека биде обоено во женственост со сите нејзини перспективи и нијанси...

Кога ќе се сплотат сите безвременски симболи на женственоста во една модернистичка и урбана колекција, ја добивате новата ХИТ летна линија на ЕЛЕНА ЛУКА „WannaBe".

Сѐ што жената е: моќна и нежна, романтична, сензуална и силна, своја, посебна, секси, самоуверена, величествена во секој поглед – интерпретирано во модерна женствена колекција која сигурно ќе му даде една посебна модна димензија на летото пред нас.

Концептуално осмислена како целина во која секој модел има свое име зад кое стои посебна приказна, но поврзани под женствената естетика како заеднички предзнак.

Флоралните мотиви се појавуваат како акцентирана и носечка референца преку тридимензионални рачно изработени детали, давајќи ја секогаш посакуваната нота на романтика и префинетост.

Од друга страна, силната и доминантна женскост е олицетворена преку смелата естетика дефинирана со асиметрични отвори, мини и припиени кроеви, кои ѝ ја даваат целата слобода на жената да ја потенцира својата уникатна природа и сензуалност.

Колоритот придонесува за уште поинспиративна слоевитост на колекцијата, почнувајќи од класиката во црно и сиво до свежите и инспиративни, разиграни пастелни нијанси на розово и виолетово што со себе ги носат позитивните вибрации на летото.

Запознајте се со „WannaBe" и сите нејзини инспиративни приказни олицетворени во трендовски и шик модели:

TOKYO
Фустанот TOKYO е дефиниција за атрактивен дизајн на младешки и смел модел. Изработен од жерсе, тој е варијанта на безвременскиот мал црн фустан со отворено деколте во мини должина. Делот кај градите е споен само со врвка, што му дава една совршена доза на провокација.

BLOOM
Женственo, магично и привлечно, ова уникатно дизајнерско парче никого не остава рамнодушен. Флоралниот, рачно изработен детаљ со монистра, поставен во фокусот, му дава посебен шарм и неодолива нота на грациозност. Изработен е од црн свилен сатен, во атрактивен мини крој, со отворен грб за уште посензуален изглед.

CANDY
Слатка префинетост и нежна елеганција споени во едно. Тоа е CANDY, мини фустан со долги ракави и набори, обоен во виолетова нијанса. Уникатната рачна изработка од жерсе ја следи силуетата на телото, додека страничните тродимензионални цветови и лентата дополнително го збогатуваат уникатниот CANDY.

HAWAII
Тренди, женствено и впечатливо во нежно розова нијанса. Дводелен сет – комбинација од краток топ и здолниште, акцентиран со флорални детали што го прават дополнително атрактивен. Модернизирана романтика во нејзината најсовршена форма.

BLACK VIBE
Новото лице на безвременскиот мал црн фустан. Сексапилен и женствен, во мини должина што става акцент на женската сензуалност. Деталите на врзување му даваат нота на автентичност и препознатливост, издвојуваќи го како „Must have" дизајнерско парче во плакарот на секоја жена.

LOLIPOP
Комбинезон во припиен крој, што сензуално ја следи и потенцира женската силуета. Во привлечна, пастелно розова боја и со симетрични исечоци во предниот дел, ова дизајнерско парче е задолжително доколку сакате да оставите силен стилски печат.

BLACK LILITH
Ова лето сѐ е во знакот на цвеќето како симбол на женственоста. Црното мини здолнише е класика која не познава временски ограничувања, но флоралните мотиви изработени во 3Д техника му даваат модернистичка нота и препознатлив идентитет. Во совршена комбинација со боди во минималистички крој во нијанса на лаванда.

YOU
Фустанот што ѝ ласка на женственоста. Во мини должина, затворен во горниот дел, а тенките врвци имплементирани во неговиот дизајн дозволуваат различни начини на комбинирање и врзување. Сензуално, секси и тренди.

GREY VIBE
Современата верзија на елеганцијата преточена во фустан кој не остава простор за рамнодушност. Изработен од висококвалитетно жерсе, обoен во сива нијанса, дефиниран во мини крој, а дополнитлно внимание привлекува со деталите на врзување што му даваат слоевитост и дополнителна впечатливост.

QUEEN
Мистика и сексапил споени во еден трендовски, дводелен сет. Безвременско црно боди по долги ракави комбинирано со макси црно здолниште, аутфит што по својата естетика и дизајн ги надминува тенденциите. Здолништето е со низок струк и со странични набори, на врзување – како стилски акцент што го прави неодоливо впечатливо.

BUBBLEGUM

Розова сензација пресликана во мини фустан без ракави со суптилни набори и со еден впечатлив детаљ кој што му дава романтична нота. Совршен за секоја млада дама, која ја сака романтиката и женственоста. Ова мини розово парче ги спојува во едно елеганцијата и младешкиот дух во една разиграна летна нијанса. Тродимензионалниот цвет е само јаготка на шлагот, оставајќи печат на една уникатна креација во розово.

NEW YORK
Вонвременска елеганција со модернистички детали. Црн макси фустан во крој што суптилно ја дефинира силуетата, а акцентот е на асиметричните исечоци како хит референца оваа сезона. Сензуалност во своето најпрефинето издание.

L.A
Црна безременска класика е она што го дефинира овој софистициран фустан од жерсе, кој што ја следи женската силуета.
Шлицот и голите рамена, како и интересното парче што наместо прерамки му дава нежна потпора на фустанот, се детали кои што ја дополнуваат креацијата.
Минималистичка елеганција за оние кои го сакаат овој стил.

BARCELONA
Ова е највпечатливиот миди коктел фустан во чиј дизајн совршено се споени софистицираноста и трендовските детали. Ја потенцира женската силуета, а истовемено е разигран со асиметрични отвори што му даваат доза на препознатливост и урбан изглед.

Колекцијата е веќе достапна во продажба на онлајн продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА, како и во продажните салони на брендот во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
1 јуни 2023
object(stdClass)#520 (8) { ["nid"]=> string(5) "30408" ["ga_count"]=> string(3) "503" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1691186400" ["fb_count"]=> string(1) "0" }
Прочитано:
503 пати