Во текот на последните неколку сезони сме сведоци на големото враќање на Y2K модата, благодарение на модели како Емили Ратајковски и Бела Хадид кои уште минатата година започнаа да навестуваат промени во трендовите, „воскреснувајќи" ги кичестите кратки маички, екстремно малите мини здолништа, и секако, трендот од кој речиси сите се плашевме - фармерките со низок струк.
View this post on Instagram
Оваа година се чини дека овој тренд се враќа со полна пареа, а тоа можеме да го заклучиме следејќи како сè поголем број на славни личности се појавуваат во јавност со пантолони со низок струк. Наедно, TikTok хаштагот #LowRiseJeans е јасен доказ дека пантолоните со низок струк ги освојуваат младите, особено припадниците на генеразијата „З" со брзина на светлината.
Но, оние кои воопшто не се возбудени за враќањето на пантолоните со низок струк во мода се миленијалците кои пораснаа со овој тренд во раните 2000-ти. Ѕвездите како Бритни Спирс, Кристина Агилера, Линдзи Лохан, Миша Бартон и Парис Хилтон беа оние кои го популаризираа нискиот струк, а притоа со својата форма на тело имаа директно влијание врз тогашните стандарди за убавина: претерано витка става и видливи коски и колкови.
Голем број жени се присетуваат на тој период со непријатно чувство во стомакот, поврзувајќи го овој тренд со тешко достижните стандарди за убавина, кога облините не беа посакувани, вишокот килограми беше строго критикуван, и голем број девојќи страдаа од пореметувања со исхраната.
„Бев на колеџ во раните 00-ти, и мислам дека сè уште имам трауми од моите Juicy Couture тренерки и Diesel и Chip & Pepper фармерки со низок струк и патент долг одедвај 5 сантиметри", вели Полин Монтупе, 39, основачка на продавницата за облека Le Point со седиште во Сан Франциско. „Постоеше постојано чувство дека сум преголема за ниски панталони", објаснува таа, додавајќи дека нејзиниот стомак никогаш не бил доволно рамен или коските на колкот доволно истакнати, во споредба со познатите личности.
Враќањето на овој тренд предизвува жестоки дебати, како во приватни разговори, така и на социјалните мрежи, а темата која неизбежно се отвора е „влијанието на пантолоните со низок струк врз менталното и физичкото здравје на младите девојки".
Според голем број миленијалци кои веќе го искусиле овој тренд, фармерките со низок струк „стојат добро само на слаби луѓе и ги потенцираат недостатоците на оние кои се борат и со минимален вишок на килограми", со што се поставува прашањето, дали овој тренд претставува потенцијална опасност за начинот на кој младите генерации ќе го гледата и третираат своето тело, а со тоа и своето здравје? Дали фармерките со низок струг го бришат целиот труд вложен во текот на изминатите години да се постигне поголема неутралност и инклузивност на тела со различна форма и големина?
Но постојат и оние кои се особено среќни за враќањето на овој тренд, како што е Рејчел Џонс (33), основачката на брендот за долна облека Jonesy, која возбудено споделува дека нејзините колкови не ја виделе светлината на денот од 2004 година.
Она што служи како утеха за оние кои се „преплашени" од овој тренд е тоа што, споредбено со поранешните пантолони со низок струк, денешните се еволуирани во попријатни модели, со поширок и поудобен крој, како и материјали кои добро прилегаат на сечија форма на тело. Видеата на социјалните мрежи каде младите ги споделуваат своите аутфити и пантолони со низок струк исто така прикажуваат и форми кои отстапуваат од глорифицираниот тренд на супер слабо тело од раните 2000-ти, а се чини дека новата генерација природно настапува со поголемо разбирање и прифатливост кон новите трендови, како и кон различностите.
View this post on Instagram
Можеби сепак, овој тренд во денешно време ќе има сосема поинаков ефект. Можеби ќе го избрише стереотипот дека одредени модни парчиња се создадени само за одредени форми на тела и само повеќе ќе ја потенцира убавината во тоа сите да уживаме во истиот тренд без разлика на формата и големината на нашет тело. Можеби овој тренд дополнително ќе не научи дека секој треба гордо да ги истакне и да не ги крие карактеристиките за кои се верувало дека се недостатоци.
Па, доколку се предомислите и сепак сакате да им дадете (повторна) шанса на пантолоните со низок струк, во прилог погледнете неколку примери кои ќе ве поттикнат да го направите тоа.