Сè што е ваше нека ви биде убаво

24 октомври 2018

Автор: Небојша Толески Никогаш не сум позајмувал облека од пријатели нити сум барал. Сметам дека својата облека е само своја и на некој начин е интимна со самиот себе. Но, најчесто пријателите и другарите често си ја менуваат облеката. Не им претставува проблем што носат туѓо парче за една вечер. Најчесто другарките си позајмуваат облека па на една фотка на фејсбук ја гледаш едната еден ден, па другата другиот ден во истата облека. Или пак на третата другарка многу и се допаднале на фотографиите, па и таа го облекла истото третиот ден.

Нема ништо толку страшно да се позајмува облеката и да ја носат различни луѓе во различни денови. Но, и тоа како е страшно токму некоја од вашите другарки да има кожна болест. Е тоа е веќе голем проблем. Најпрвин, се ќе почне да ве чеша, некогаш хистерично, а потоа можно е да се појават црвени ситни пликови па дури некогаш и отоци. Некои со преосетлива кожа можат да добијат и грозница. Неретко се случува осипот да стане аларманен и да завршите во болница. Неверојатно е колку може едно парче облека кое е позајмено да ви го загорчи животот и само затоа што ви се допаднало многу, а го имала вашата другарка. Но, проблемот има пошироки рамки. И во продавниците се случува некои со кожни проблеми да пробуваат облека. Е тука веќе ризикот е многу поголем, ама никој не би можел од буткот да знае кој каква кожа има. Затоа е најдобро кога пробувате, секогогаш да се мачкате со крем кој има некаков заштитен фактор.

Да се навратам на другарките со позајмена облека. Како пеешее Калиопи во една песна „Сè што е мое ми е убаво, а сè што не е нека биде поубаво". Јасно ми е дека не може да имаме облека каква ќе посакаме па дури и облека која ја има по нашите бутици. И знам колку значи да изгледате убаво во нешто од вашата другарка кое ви се допаднало многу. Ама апсолутно нема потреба од тоа. Прво, вас исто не ви стои како на другарката, тесно ви е или широко, а тотално сте го утнале вашиот стил токму со тоа позајменото. И згора на сè, може да си „закачите„ несакајќи кожна болест за која можеби не е свесна ни онаа која ви ја дала нејзината облеката. Колку можете, толку! Секој со своето. Па и не е убаво да ве гледаат како еден ден фустанот го носи другарката, па вие после. Бидете храбри во вашите комбинирања и она што го имате во вашиот орман. Не се преоптоварувајте ако често облечете исти работи. Ние не сме филмски ѕвезди па само еднаш да облечеме нешто и никогаш повеќе. А, комфорноста во свое ви е загарантирана. И нема потреба да се плашите дали може вашата кожа да страда. Однесувајте се со вашата облека педантно, педантно и ќе изгледате. Сакајте го тоа што е ваше, другите нешта нека не ве интересираат. И најважно од сè - не позајмувајте нити пак нека не ви позајмуваат облека. Што ќе ви е да се китите со туѓи перја?

Објавено:
24 октомври 2018
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
287 пати