Познатиот српски психолог Даниела Будиша Убовиќ постојано говори на одлични теми поврзани со децата кои секогаш наидуваат на интерес кај родителите.
Тоа беше случај и со последната тема што таа ја обработи за магазинот Лола, а која се однесува на клучните разлики помеѓу просечниот и мудриот родител.
Веројатно и вие ќе се пронајдете во некоја од овие категории и можеби ќе промените некоја од работите на кои таа обрнува внимание во посочените 11.разлики.
1.Просечниот родител цело свое слободно време го поминува со децата, а мудриот се грижи и за себе со што му дава добар пример и на детето.
2.Просечниот родител се занимава со последиците, а мудриот со она што ги предизвикува проблемите.
3.Просечниот родител дава одговори, а мудриот ги учи децата да ги најдат сами.
4.Кога детето ќе згреши, просечниот родител вели: Ништо не знаеш, додека мудриот: Размисли уште еднаш, ќе го пронајдеш точниот одговор.
5.Просечниот родител го споредува детето со другите, додека мудриот го охрабрува да биде она што е.
6.Просечниот родител внимава детето да не згреши, додека мудриот го остава детето да прави грешки бидејќи знае дека на тој начин најдобро ќе научи.
7.Просечниот родител вели: Не прави го тоа, а мудриот: Размисли за последиците.
8.Просечниот родител се труди да биде добар, а мудриот е онаков каков што навистина е.
9.Просечниот родител мисли дека е учител, додека мудриот знае дека мора да биде и повеќе од тоа.
10.Просечниот родител му кажува на детето што треба да прави, додека мудриот му покажува на детето зошто начинот што го предлага е најдобар.
11.Просечниот родител бара од детето да го одржи зборот, додека мудриот со сопствен пример покажува како тоа се прави.
Инфо: Stil.kurir.rs, Lola magazine