Прославете го Осми март со извонредната Александра Радовиќ во совршениот амбиент на ЦАР САМУИЛ

27 февруари 2024

По повод празникот на жената, Осми март, ЦАР САМУИЛ организира голем спектакуларен концерт со балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ.

Во чест на сите дами нашиот бисер на бањскиот туризам ќе приреди одлична забава во совршен амбинет, низ хитовите на еден од најдобрите гласови во регионот.

Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот перформанс и големиот број на хитови.

Покрај огромниот успех и 20 години долгата кариера, таа важи за скромна и својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но со драго срце и силни емоции на фановите им ја подарува нејзината музика.

Бидете и вие дел од оваа забава на која заедно ќе ги запееме Ljubavi moja, Ziveo kraj, Proslo me je, Ne hvala, Beskrajno и многу други.

Нека овој Осми март биде повод за едно незаборавно дружење и уживање во екслузивниот амбиент во свечената сала во ЦАР САМУИЛ заедно со маестралниот глас на Александра Радовиќ.

За сите информации и резервации, контактирајте нè на:
070 312 561

Објавено:
27 февруари 2024
Категорија: 
Култура