Веќе сме длабоко навлезени во есенската сезона, и полека се придвижуваме кон студените зимски месеци кои имаат моќ да ги претворат природните пејсажи во вистински уметнички дела.
Иако не значи дека треба да чекате да падне снег за да уживате во нив, сепак добро е однапред да имате предвид неколку места каде можете да појдете за викенд и да уживате во бајковита есенска или зимска идила.
Една токму таква нуди Алпака ранчот во Словенија, на само час и половина од Загреб, кој оваа година стана една од најпопуларните дестинации за викенд патувања. Дружењето со овие неодоливи животни, играњето и хранењето на алпаките и бројни други активности, вклучително правење сапун од волна од алпака и уживање во словенечките деликатеси се доволна причина да се упатите кон Пољчане кај Марибор.
View this post on Instagram
Поради големиот интерес за дружење со алпаките во зимските месеци, ранчот одлучи да додаде малку дополнителна забава и радост за оние кои ќе се одлчучат да го посетат. Од ноември до март, програмата на ранчот ќе биде прилагодена на зимските услови и месеци.
Во зима посетата се одвива во два дела, во времетраење од час и половина до два часа.
Првиот дел опфаќа гледање и хранење на животните, игри, кратка презентација и време за фотографирање со животните, додека вториот дел е наменет за шведска маса со топли и ладни пијалоци.
Оваа зима може да очекувате варено вино и чај, варени колбаси од карниола, домашни сирења и леб, како и други словенечки деликатеси.
View this post on Instagram
Посетата на ранчот, секако, ќе продолжи да се одвива на отворено, но ве очекува нова покриена тераса, каде по обиколката ќе се одржи вистинска мала зимска бајка.
Наскоро ќе биде отворена и мини-продавница (и онлајн продавница), каде што ќе можете да купите разни производи од алпака како волнени капи, шалови, ракавици, чорапи и џемпери.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram