Пред да се емитува последната сезона од And Just Like That 2, утревечер, продуцентите на серијата ја најавија третата сезона.
Втората сезона којашто започна на 22-ри јуни, на 24 август ќе го има своето финале, а она што фановите најмногу го очекуваат е краткото појавување на Ким Катрал како Саманта.
Извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг кој сакаше да ја скрие информацијата за смртта на Ѕверката и овојпат не успеа во прикривањето на фактот дека Саманта ќе биде дел од третата сезона.
Паркер, Никсон и Дејвис конечно ќе се обединат со Катрал формирајќи ја оригиналната четворка која пред 25 години го стартуваше Sex and the City универзумот.
Втората сезона беше во знакот на Кери и Ејдан, откако првата сезона стартуваше со смртта на Џон (Ѕверката).
Како продуценти на серијата покрај Кинг се јавуваат и трите главни протагонистки Кери, Саманта и Шарлот.
Sex and the City беше создадена под палката на Дарен Стар, според истоимената книга на Кендис Бушнел.
View this post on Instagram