Анџелина и Бред заљубени и прекрасни на премиерата на „By the Sea“

4 ноември 2015

Познатите сопружници Бред Пит и Анџелина Џоли на своите пријатели и соработници им приредија интимно прикажување на нивното заедничко филмско остварување „By the Sea“.

Тие се појавија на премиерата во Њујорк неверојатно вљубени и поубави од кога и да е. За премиерата, шармантната актерка се одлучи за син плисиран фустан во кој уште еднаш ја покажа нејзината неверојатно тенка фигура.

Нејзиниот сопруг се одлучи за сиво – кафена комбинација што одлично му прилегаше.

Во рамки на нивната промотивна турнеја, тие беа гости и во Today Show и зборуваа навистина искрено пред милионската публика за нивниот брак, животот и проблемите што доаѓаат со него.

Актерката за прв пат разговараше за нејзините операции и поддршката што ѝ ја пружил нејзиниот сопруг во тие тешки моменти.

Во продолжение, погледнете го искреното и прекрасно интервју на Анџелина и Бред и фотографиите од нивната прва промоција на новото филмско дело на актерката, „By the Sea“.

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.132 пати