Архитекти и дизајнери го редизајнираат иконскиот Луј Витон куфер во чест на 200-тиот роденден на дизајнерот

26 август 2022

Архитектите Френк Гери и Соу Фуџимото се двајца од 200-те дизајнери кои го редизајнираат куферот на Луј Витон во чест на 200-тиот роденден на основачот на модната куќа. Нивните дела се дел од патувачка изложба во Лос Анџелес наречена „200 Trunks 200 Visionaries", чија почетна точка беше во Асниер во семејната куќа на Витон пред да спродолжат во Сингапур.

Изложбата, поставена во зграда на Норт Родео Драјв, во близина на главната продавница на компанијата во Беверли Хилс, ја обви белата фасада во шарени ленти како омаж на раниот мотив на куферот на Луј Витон.

Фото: dezeen.com

Во знак на почит кон иновативното наследство на Луј, модната куќа избра креативци кои поттикнуваат иновации во нивните области за да го реобмисли легендарниот куфер. Избраните уметници творат во области од уметност и култура до наука и спорт, а секој од селектираните дизајни одговара на оригиналната димензија на познатиот куфер од 1850-тите. Наедно, тековната изложба е адаптирана да го одразува духот на локалното подрачје, со изложбени простории посветени на Бруклинската компанија за балони на Роберт Мој и Гери.

Фото: dezeen.com

Од концептуален пристап како куфер обложен со дигитални екрани и скулптурални дела како куферг изработен од шарени епоксидни балони и стаклени цигли, па сè до инсталации, како онаа на архитектот Гери дизајнирана да личи на чајна забава на која се слави роденденот на Луј Витон, и минималистичкиот куфер на јапонскиот архитект Фуџимото, дизајниран да ја одразува куќата N на архитектот, со правоаголни форми кои ги рефлектираат отворите во куќата со цел да ја коментираат едноставноста на модниот брендот, посетителите на изложбата се во можност да просведочат широк дијапазон на различни пристапи и замисли на култниот куфер.

Фото: dezeen.com

Фото: dezeen.com

Фото: dezeen.com

Фото: dezeen.com

Фото: dezeen.com

На изложбата е изложен и црниот куфер на архитектот Питер Марино, кој е обвиткан со цврсто прицврстени кожени ремени, инспириано од подводното бегство на Худини од куфер во 1912 година, како и делото на британскиот диџеј и продуцент Бенџи Б, кое е всушност звучник, односно џубокс куфер со 200 песни.

Фото: dezeen.com

Фото: dezeen.com

Покрај овие звучни имиња, други брендови избрани за персонализирање на куферот на Луј Витон се Supreme, Lego, Alex Israel и Fornasetti.

Објавено:
26 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
221 пати