4 предмети за уредување кои ги има на популарните Инста-декор профили

24 јули 2021

Инстаграм просторот изобилува со профили за уредување ентериер, и се одлични за инспирација доколку сакате да го освежите изгледот на домот.

Од сосема нови парчиња, до постари но реставрирани, преку фотографиите можете да дојдете до разни идеи.

Ние денеска ви носиме неколку предлози за предмети кои се мошне популарни на ваквите профили, а и вие можете да ги имате во домот, бидејќи можат да се набават и по прикладна цена.

Twisted свеќи

Овие свеќи беа популарни и претходно, па можеби веќе во вашата домашна архива имате нешто што можете да го искористите. Доколку немате пак, можете да најдете слични во продавниците за уредување или на интернет.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Edition 94 (@theedition94)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LENA (@lena_living)

 

Керамички вазни во интересни облици

Од женска силуета, човечки лик, па до елипсовидни форми, кермичките вазни се апсолутен хит.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lucia Mondadori (@atelierlumo)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elnaz Rafati (@elnazrafati)

 

 Ламби и лустери од ратан

Ратанот некогаш беше резервиран исклучиво за екстериер, но новите трендови покажаа дека може да се вклопат одлично и во ентериерот, а и овие примери го потврдуваат тоа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by deco_rattan (@deco_rattan)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kanvas tablo Poster (@konsepia)

 

Тркалезни огледала

Се користат при уредување на секоја соба, дури често знаат да бидат замена за уметничка слика или друга декорација на ѕидот.

 

 Што ви се допаѓа најмногу?

Објавено:
24 јули 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.349 пати