АКАПУЛКО СТОЛ: Популарен дизајн на непознат дизајнер

15 јуни 2022

Еден од најпознатите модели на столици за градини и балкони, Акапулко, веќе седумдесет години не излегува од тренд. Ова парче мебел е помеѓу омилените избори за уредување на отворени простори и достапно е на пазарот во безброј варијанти.

Но, исто како и издржливите и флексибилни кабли што ја обвиткуваат базата на столот, околу овој модел и неговото потекло се обвива и одредена нишка на мистерија.

Во педесеттите години на 20-тиот век, мексиканскиот град Акапулко, со полно име Акапулко де Хуарез, стана популарна туристичка дестинација која оттогаш ја посетуваат познати имиња. Во тоа време беше создадена и првата копија на денешното светски познато столче Акапулко, чиј дизајнер по седумдесет години сè уште не е познат.

 

Спред одредени извори, првата копија на столчето ја направил француски турист инспириран од мрежестите нишалки (хамоци) на Маите.

Оттогаш па наваму, столиците карактеристични по својата метална рамка и седиште исткаено од јажиња од растително или синтетичко потекло, кои почнаа да се произведуваат најпрво во татковината, полека станаа хит во целиот свет.

Но, бидејќи дизајнерот на првиот Акапулко претставува мистерија до ден-денес, всушност никој не може да каже дека неговото Акапулко е оригинално.

Во прилог ви претставуваме неколку примероци од Акапулко столиците како инспирација за летното уредување на вашите дворови, тераси, па дури и затворени простории:

 

 

 

Објавено:
15 јуни 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
846 пати