Сосема спротивно од целосно белите ентериери на кои некако навикнавме како резултат на влијанието од скандинавските простори, сивата боја во домот се чини стана навистина интересна во последно време.

Таа е подеднакво минималистичка како и белата, а истовремено толку нежна и соодветна за секоја соба во домот.

Во комбинација со беж тонови, оваа сива нијанса може да биде неверојатно пријатна во дневната, спалната соба или пак во собата на вашето дете.

Она што можеме да го видиме на познатите страници за ентериери се неодоливите сиви ѕидови, постелнините во оваа нијанса, полиците во дневната, перниците, украсите и што уште не.

За да создадете прекрасно и смирувачко чувство во домот, тогаш она што прво треба да го направите е да ги бојадисате ѕидовите токму во оваа боја, а доколку на истата додадете пастелно розови украси, тогаш ја имате совршената комбинација.

Покрај со розовата, сивата боја одлично се комбинира со бела, црна и сите останати нијанси на сива.

Инспирирајте се од фотографиите во галеријата и направете некоја промена во домот.

 

Објавено:
26 ноември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.729 пати