Едноставни трансформации во домот што може да ги завршите во еден ден

25 јули 2020

Доколку овој викенд имате во план да му се посветите на домот, а притоа размислувате и за мала интервенција со која ќе го освежите амбиентот, ние имаме неколку ефективни, корисни и едноставни идеи што може да ги реализирате во еден ден.

Во принцип се работи за мали трансформации, но со очигледен ефект.

Вашата креативност и иновативни идеи во овој контекст може да ви помогнат дополнително, а за почеток следете ги овие идеи:

Декорации со цвеќе и цветни аранжмани


Одберете еден ѕид и трансформирајте го во галерија со семејни фотографии


Направете си сами нови навлаки за перниците, тематски поврзани со компатибилни бои и дезени


Променете ги завесите. Одберете такви што ќе донесат нова енергија во домот, можеби во посвежи и поинтензвни бои, доколку такви одговараат на амбиентот


Потрудете се сами да направите полици за книги или декоративни елементи. Може да искористите алтернативн материјали како палети или пак дрвени гајби

 

Објавено:
25 јули 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.009 пати