Утре започнува 14-от по ред Меѓународен саем на градежништво, градежни метеријали и градежна механизација – Саем на градежништво 2017, во Метрополис арената на Скопски саем.
Традиционално и оваа година со своја ексклузивна понуда и голем број новитети, како дел од изложувачите на саемот ќе биде и реномираната компанија Elena Luka Home.
Од компанијата најавуваат одлични понуди за сите потенцијални клиенти, а дел од нивната програма се и новите објекти што ги најавуваат на неколку различни локации во Скопје.
Престижната градежна компанија го завршува својот комплекс во Аеродром и се сели со два нови објекта на две нови атрактивни локации.
По Luxury Homes и Living Large, во рамките на комплексот El Home – Eco Home, следува изградбата на објектот Business Homes со што ќе се заокружи приказната на овој комплекс во населбата Аеродром.
„ Деловно - станбениот објект Business Homes совршено се вклопува во природното окружување на една од најубавите скопски населби. Исклучителната посветеност на нашата компанија како инвеститор се огледува во примената на квалитетната градба во склад со Европските стандарди, но и комфорот на кој нашата компанија обрна посебно внимание, овој пат и со деловен простор кој плени со својата пространост и убавина како и неговото уредување со зелени кровови и површини уште од самата улица", велат од Elena Luka Home.
Она што како новитет го најавуваат од компанијата се новите објекти лоцирани во скопските населби Црниче и Карпош.
„TWINS"
Во денешно време треба да поседувате силен дух за да можете да го живеете животот по свои правила, а во денешната урбана џунгла, ставот е сè.
Ставот е TWINS!
Нашите клиенти се токму такви и затоа внимателно ја одбравме локацијата на нашиот нов станбен објект TWINS, поделен во две идентични единици, создадени да обединат единствен и модерен објект. Со цврстата и индустриска форма Twins се издвојува од класичните и сиви градби.
Одличен дом за луѓе кои сакаат да се рекреираат и спортуваат и го зајакнуваат својот дух, вложуваат во своето здравје, кондиција, го бистрат умот и го минимизираат секојдневниот стрес.
Лоциран на само минута од најдобрите рекреативни центри - базенот Карпош, спортскиот центар Борис Трајковски, кејот на Вардар, тениските игралишта на Александар Палас – Тwins, со околу 7000 метри квадратни површина.
„Divine"
Овој наш објект наменски е направен помал од останатите со цел да ги опфатиме желбите на сите наши клиенти и сите атрактивни локации во Скопје.
Вистинска сензација oд 1800 метри квадратни, која како бисер ќе заблеска на улицата „Томе Арсовски" во населбата Црниче.
Elena Luka Home ве поканува да ги посетите на Саемот на градежништво од утре па се до 4. март од 9 до 19 часот.